Што е EURAXESS?

"EURAXESS - Истражувачи во движење" е иницијатива составена од 4 столба: Вработување, Услуги, Права и Врски. Иницијативата обезбедува пристап до полн спектар на информации и услуги за поддршка на европски и воневропски истражувачи кои сакаат да ги продолжат истражувачките кариери во Европа.

EURAXESS им помага на истражувачите во унапредување на нивните кариери во друга европска земја и ги поддржува научните организации во нивната потрага по исклучителен истражувачки талент. EURAXESS е пан-европска иницијатива, поддржана од 37 земји-учеснички од цела Европа. Таа претставува единствена точка за пристап до информации во сите земји, вклучувајќи мрежа на центри кои нудат индивидуална помош на истражувачите кога се селат во друга земја.

EURAXESS е клучна иницијатива на посветеноста на Европската унија за отстранување на пречките за слободно движење на знаењето во рамките на Европа, за зајакнување на прекуграничната мобилност на истражувачи, студенти, научници и академски кадар и на подобрување на структурата на кариерите на истражувачите.

Новиот EURAXESS сајт ги вклучува четирите големи иницијативи кои ја поддржуваат мобилноста на истражувачите во Европа: Вработување, Услуги, Права и Врски.